Мегафон
„таксират 2020“

Култните „Лајбах“ ќе прослават 40 години постоење со концерт во Скопје

Култните „Лајбах“ ќе прослават 40 години постоење со концерт во Скопје

По две години од последниот концерт во Скопје на „Таксират“, едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија – „Лајбах“, се враќаат на бината на „Таксират Фестивал“ ! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври  во СЦ  „Борис Трајковски”.

„Лајбах“ уште на почетокот на 80-тите години стана гордост на бунтовните и прогресивни луѓе во регионов и пошироко, а останаа запаметени како прототип за голем број бендови, меѓу кои и славните Германци „Рамштајн“. По 40 години кариера, тие сѐ уште важат за најголемиот меѓународно признат бенд од поранешните комунистички земји од Источна и Централна Европа, а и покрај светскиот успех, „Лајбах“ успева да стои настрана од секаква поп-одредница и до ден денес е верен претставник на музичката авангарда. Како вистински легенди тие важат за едни од најгенијалните индустријал уметници на сите времиња, кои воведоа нов пристап кон музиката. Нивната музика и идеи ги поставија корените на она што денес се смета за „милитаристички индустријал“, со извонредни дела кои важат за силна критика на механизираноста и оркестрираноста. Стилот на „Лајбах“е пред сѐ критикувачи уметнички перформанс кој постојано посочува кон уметноста која станува алатка на тоталитаризмот и си поигрува со крајните граници на естетиката на фетишизмот и милитаристичката моќ, а може да ве натера да размислувате, да танцувате и да марширате на истата музика.

Билетите се достапни во продажба онлајн на – bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets.