Мегафон

„Крушево будно 2019“ на 26 и 27 јули

„Крушево будно 2019“ на 26 и 27 јули

Оваа година, на 26 и 27 јули, во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи „Крушево будно“ – музички фестивал организиран од Локалниот Младински Совет на Општина Крушево. И оваа година младите ќе имаат можност да бидат на едно место и по четврт пат ќе ја испратиме пораката:  „Ние не сме поделени!“

Ќе покажеме дека музиката обединува и ни помага да го пронајдеме своето место во светот на љубовта и соживотот! „Крушево будно“ и оваа година ќе биде можност за младите да го изразат својот музички дух и да го остават градот буден до зори!

Првиот ден публиката ќе има можност да се забавува со охридско-кочанското дуо „Шајн“, енергичните охридски рокери „Бекдор бенд“ и прилепскиот братски тандем „Сирилик“, додека вториот ден е резервиран за диџеј Јовица Шејп, неготинското инди-поп дуо „Бонгас и гитарес“ и добро познатите Бени и „Нон-стоп“, а вечерта ќе ја затвори битолската диџејка Тања.