Мегафон
музички изданија

„Кроација рекордс“ ги објави хитовите на „Љубојна“

„Кроација рекордс“ ги објави хитовите на „Љубојна“
Дванаесет песни од сите фази од постоењето на етно-составот „Љубојна“ деновиве се објавени во колекцијата„The Greatest Hits“ (Најголемите хитови) од страна на „Кроација рекордс“, водечка дискографска куќа во регионот.

Колекцијата објавена за етикетата „Croatian World Music“ содржи внимателно избран пресек на нивната долгогодишна кариера, со што „Љубојна“ дискографски ѝ се претставува на пошироката публика во регионот, преку синтеза на емоции, со звукот на радоста и на тагата, еуфоријата, интензивноста и страстите, на нивниот единствен стил, меѓу чил-аут, поп, фанк, соул, џез и фолк.

Опусот на „Љубојна“ го создаваат гласот на Вера Милошевска и композиторско-продуцентската работа на басистот Оливер Јосифовски. Од „Кроација рекордс“, која во земјава се врати по 27 години, најавуваат дека албумот наскоро ќе биде и во музичката продавница „Југотон“.