Мегафон
На 12 декември...

Контроверзната српска раперка Мими – „Мерцедес“ во „Станица 26“

Контроверзната српска раперка Мими – „Мерцедес“ во „Станица 26“

Контроверзната српска раперка последниве години е вистинска ѕвезда на хип-хоп сцената во регионот. Со музика аматерски се занимава од 19 години, а својата прва песна „напуцане свињице“ ја снима во 2011 година. За себе вели дека е провокативна, вулгарна и експлицитна, не заборавајќи да додаде дека смета дека е добар пример за младите.

Досега има снимено 4 албуми, а последниот „Мржња“ (Омраза) го издаде оваа, 2019 година. На нејзините настапи доаѓаат и хипстери и дизелаши и рапери, а нејзините нови рими истовремено се наоѓаат на насловните страници на таблоидите, како и во рецензиите на реномираните елитни блогови.