Мегафон

Концерт на Владо Георгиев на 13 јули во „Хераклеа“

Концерт на Владо Георгиев на 13 јули во „Хераклеа“

Популарниот српски музичар и пејач Владо Георгиев в сабота, на 13 јули ќе одржи концерт во античкиот театар Хераклеја во Битола. Концертот е во рамките на битолското културно лето „Бит-фест 2019“ и е под покровителство на Министерството за култура и општина Битола.

Билетите во претпродажба можат да се набават на штандот на Широк Сокак (пред „Веро“), во вино-барот „Буре“ и во винаријата „Чифлик“, додека на денот на концертот во билетарницата на Хераклеја и ќе бидат 25% поскапи од претпродажбата .

Настанот е со почеток од 21.00 часот.