Мегафон

Концерт на Трио гитари „Елогио“

Концерт на Трио гитари „Елогио“

Во Камерната сала на Македонската филхармонија во петок, на 8 ноември во 20 часот ќе настапи гитарското „Трио Елогио“, основано од тројца исклучителни гитаристи – Петрит Чеку (Косово), Педро Рибеиро Родригез (Португалија) и Томислав Вукшиќ (Хрватска). На програмата се дела од Моцарт, Руждјак, Рахмањинов, Шуберт…

Триото реализира голем број на концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес даваат за зачувување на хрватското звучно творештво, а неодамна го снимија и нивното ново ЦД со дела од Моцарт, Руждјак и Дворжак.