Мегафон

Концерт на оперската пејачка Мила Јаневска во „Македонската филхармонија“

Концерт на оперската пејачка Мила Јаневска во „Македонската филхармонија“

Во просториите на Македонската филхармонија во среда на 26 декември ќе биде одржан концерт на македонската оперска пејачка, Мила Јаневска. На концертот ќе бидат изведени дела од Моцарт, Штраус, Рахманинов, Дворак и Глук.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а за организацијата се погрижила самата пејачка. Инаку, Мила Јаневска е од Скопје и студент во 4-та година на Универзитетот во Виена.