Мегафон
за музичките сладокусци...

Концерт на Lisa Gerrard („Dead Can Dance“) & The Mystery Of The Bulgarian Voices во „Македонската филхармонија“ на 8 октомври

Концерт на Lisa Gerrard („Dead Can Dance“) & The Mystery Of The Bulgarian Voices  во „Македонската филхармонија“ на 8 октомври

Концертот на маестралната Lisa Gerrard и нејзиниот последен проект со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките
на престижната Греми награда – The Mystery of the Bulgarian Voices – Le Mystère des Voix Bulgares! ќе се одржи на 8 октомври 2019 година, во салата на Македонската филхармонија.

Инаку, по потекло од ирски емигранти, Lisa Gerrard е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната
пост панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.
Dead Can Dance се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или
крајот на светот. Lisa Gerrard и Brendan Perry својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење.
Нивната музика може да ве потсетува на сѐ претходно доживеано и чуено, но и на ништо, да ви биде комплетно нова и свежа. Во професионалната биографија на Lisa Gerrard се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Hanz Zimmer беа наградени со Златен глобус.


The Mystery Of The Bulgarian Voices се женски хор од Бугарија, кој опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално,
самовилско пеење. Светот за прв пат слушна за овој хор на крајот на 80-те години на минатиот век, кога хорот го издава својот истоимен албум “Le Mystère des Voix Bulgares”, кој се продава во огромен тираж и хорот ги освојува светските сцени со своето мистично акапела пеење. Нивниот втор албум “BooCheeMish”, се појавува по речиси две декади и
на него тие соработуваат со Lisa Gerrard, со која иако потекнуваат од различни култури, создаваат една природна бајколика симбиоза.

Концертот на Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices ќе се одржи во концертната сала на „Македонската филхармонија“, на 8 октомври 2019 година!

Билети на билетарница МКЦ  или online: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=524