Мегафон

Концерт на Каролина со „Македонската филхармонија“на 15. и 16. февруари 2019

Концерт на Каролина со „Македонската филхармонија“на 15. и 16. февруари 2019

Каролина Гочева, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија.

Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15 и 16-ти февруари и ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.

Новата сала на Македонската филхармонија како убедливо најдобра сала од тој тип во Европа во моментов, овозможува 100 отсто услови за неверојатно квалитетен музички производ каков што сме сигурни дека ќе добиеме од Каролина и сите музичари во вечерите на 15 и 16-ти февруари.

Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари, ќе бидат пуштени во продажба од среда (28.11) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон.