Мегафон

Концерт на „Кабадајас“ и „Зулу 3.4“ во клуб „Маракана“

Концерт на „Кабадајас“ и „Зулу 3.4“ во клуб „Маракана“

Во предвечерието на подготовките за снимањето на својот трет албум, електричното трио „Kabadayas“  (www.kabadayas.mk/) својата концертна активност ја започнува токму тука во клубот Маракана – Скопје.

Во „Кабадајас“ членуваат:  Зоран Костадиновски – гитара, Дино Милосавлевиќ – тапани и Џоле Максимовски – бас. „Kabadayas“ ќе свират песни од албумите „IV“ и „Од понеделник“, како и материјал од нивниот трет албум кој е во подготовка.


„Зулу 3.4“  (www.facebook.com/3.4zulu/) е инструментален бенд од Скопје, кој преку фузија на различни стилови создава уникатен звук и внесува свежина на македонската музичка сцена. Членови на бендот се: Дамјан Даневски – тапани, Марио Симоновски – гитара, Мартин Џорлев – клавијатури.


Концертот е закажан за 17. ноември 2019 година, со почеток во 21:00 часот. Влезниците ќе можат да се набават на влезот во клуб „Маракана“.