Мегафон

Концерт на Даница Стојанова во Рим

Концерт на Даница Стојанова во Рим

По повод 8 септември, Денот на независноста на нашата земја, пијанистката Даница Стојанова утревечер ќе настапи во градините „Кампители“ во Рим.

Настанот го организира амбасадата на РС Македонија во Италија во рамки на приемот на кој ќе присуствуваат претставници од дипломатскиот кор акредитиран во Италија, македонски државјани кои живеат и престојуваат во оваа земја како и останати гости почитувачи на македонската култура и традиција.

Пијанистката Даница Стојанова ќе се претстави со дела од македонското класично музичко творештво.

-Пресреќна сум што ќе ја претставам нашата земја за оваа посебна пригода.Иако во Рим свирам повеќе пати ,оваа покана за мене е од големо значење, посебно што публиката ќе може да слушне дел од македонскиот композиторски опус на Зографски, Коларовски и Андреевска – вели пијанистката Даница Стојанова.