Мегафон

„Клеопатра“ – балетски спектакл во Македонската опера и балет

„Клеопатра“ – балетски спектакл во Македонската опера и балет

„Клеопатра“ на реномираниот кореограф Василиј Медведев (Русија) е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

Kореограф: Василиј Медведев (Русија)

Музика: Нериjа Цепаите Голдберг (Литванија)
Диригент: Бисера Чадловска
Сценограф и костимограф: Павол Јураш (Словачка)
Либрето: Јана Темиз (Турција)
Асистент кореограф: Станислав Фечо (Чешка)
Концерт мајстор:
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска

Во главните улоги:

Клеопатра: Александра Мијалкова
Цезар: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марк Антони: Бобан Ковачевски
Октавија: Марија Кичевска Шокаровска
Змија: Мими Поп Алексова Атанасовска
Октавијан: Андреј Литвиненко (Украина)
Аполодор: Мирослав Митрашиновиќ

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.