Мегафон

Ќе се снима и втора сезона на тинејџерската серија „Гласна куќа“

Ќе се снима и втора сезона на тинејџерската серија „Гласна куќа“

„Гласна куќа“, првата тинејџерска серија во Македонија, а од тимот најавуваат дека ќе се снима и втора сезона.

„Втората сезона во 2020 година ќе има вистински пресверт во серијата, но не ви откриваме што точно ќе се случува“. Најважно е родителите и децата кои ја гледаат  да ги разберат пораките кои ги испраќаат актерите во серијата, дека младите имаат свој „јазик“ додека другаруваат. Родители треба да ги сфатат своите деца, нивните потреби, нивниот начин на живот“ –  велат од продукцијата.

„Гласна куќа“ е првата тинејџерска ситком-серија, во продукција на КМК продукција, заедно со Актерската школа на Весна Петрушевска.

Сценариото е на Димитар Банов, а режијата е на Петрушевска. Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на првенката на Македонскиот народен театар. Музиката и текстот во најавата се на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Никола Перевски Пере.