Мегафон

КИЦ: „Гимназијада 2019 – средба на таленти“

КИЦ: „Гимназијада 2019 – средба на таленти“

Во Културно информативен центар (КИЦ) од утре (09.04.2019) до 03.05.2019 година ќе се одржи културната манифестација “ГИМНАЗИЈАДА“ – средба на таленти.

Во рамките на оваа манифестација, младите таленти од средните училишта подготвуваат театарски престави по сопствено сценарио, режија, актерска игра, сценско движење, кореографија, музика, сценографија и костимографија.

Театарските претстави ќе се одиграат во КИЦ во салон 19:19, од утре до 03.05.2019.