Мегафон
Досега најмладиот добитник

Каринетистот на групата „Дрим-тим“ најмладиот добитник на наградата „7-ми Септември“

Каринетистот на групата „Дрим-тим“ најмладиот добитник на наградата „7-ми Септември“

Неодамна традиционално општина Кавадарци ја додели наградата „7-ми Септември“, а оваа 2018 година истата отиде во рацете на досега најмладиот добитник.

Имено, оваа значајно општинско признание заслужено го направи горд и задоволен младиот кларинетист на групата „Дрим-тим“ и наставник по музичко образование – Александар Ангелов. Наградите и признанијата се поттик и мотивација за секого, а така и за Александар кој во својата кариера и професија има добиено многу награди, за своите музички успеси и како амбасадор на македонската музика низ светот.

Но, кога е истата врачена од дома, од родниот град, тогаш задоволството е уште поголемо. Во врска со наградата „7-ми Септември“ тој вели:

-Моите ученици ми се вистинска гордост. Се трудам да им пренесам знаење, да ги мотивирам да ја разберат музиката, а дел од нив навистина се пронаоѓаат во неа. Доказ за тоа се многубројните награди, најчесто за прво или второ место на државни и на меѓународни натпревари. Имаме освоено награди на Меѓународен натпревар во камерна музика, Меѓународен натпревар АРТ – ИН, државни натпревари од акредитирани музички здруженија – вели Ангелов.

Инаку, покрај успешниот млад кавадарчанец, признание добија и Страшо темков- флејтист од областа на културата и Димитар Пецов – професор по физичко воспитување.