Мегафон
МКЦ

„Како Хокус го пронајде Покус“ – детска магионичарскo – театарска претстава

„Како Хокус го пронајде Покус“ – детска магионичарскo – театарска претстава

На 14 и 15.12.2019 година, во Скопје ќе се одржи првата македонска детска магионичарскo – театарска претстава “Како Хокус го пронајде Покус”.
Главните актери се Гого Реквием (Георги Гавровски) и Мартин Јорданоски.
Идејата за приказната на претставата како и сценариото се на Гого Реквием. Истоимена книга е во подготовка.

Режијата и продукцијата е на Гого Реквием со асистенција на Мартин Јорданоски.

Претставата ќе се одржи во МКЦ-Кино Фросина на 14 и 15.12.2019 година.
„Ви гарантираме многу забава, илузија, интеракција и едукација. Ве очекуваме сите. Од 5 до 105 години“ – порачуваат организаторите и ве канат да дојдете и да ја погледнете “Како Хокус го пронајде Покус”.

Останати вести од Мегафон