Мегафон
фестивали

Јубилеот – 50 години „Златно славејче“ ќе се одржи под ведро небо

Јубилеот – 50 години „Златно славејче“ ќе се одржи под ведро небо

Најстариот и најреномиран фестивал на детската песна „Златно Славејче“ оваа година го слави својот голем  јубилеј.  На јубилејното 50-тото издание на фестивалот ќе бидат изведени најголемите хитови од сите претходни изданија на овој фестивал помеѓу кои: Еј, гулаби, бели”, ,,Дувна ветре развигорче”, ,,Ми подари птицата песна”, ,,Кајче”, „Ех, тој Тоше”, ,,Мојата учителка”, ,,Никола, Никола”, „Сакам кола убава“ итн.

Како што налагаат протоколите оваа година ќе се одржи во поинакво издание. Во сабота (26.09) со почеток во 11 часот под отворено небо, на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

За потсетување и за сите оние што не знаат, првото издание на „Златно Славејче“ се одржа на 23 мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје. Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик.