Мегафон

Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение

Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение

Водечките српски манифестации меѓу кои се и Егзит, Бирфест, Нишвил, Ловфест и други, се обратија во јавноста со ново заедничко писмо, во кое порачуваат дека заради влошената епидемиолошка ситуација, извесно е дека домашните фестивали нема да се случат во август во планираниот формат.

-Ја потсетуваме јавноста дека српските манифестации се закажани за во август оваа година по препорака на надлежните органи, по драстичното опоравување на епидемиолошката ситуација во мај. Имајќи ја во предвид моменталната влошена здраствена ситуација, она што е веќе сигурно, вообичените фестивалски изданија со повеќе од дестици илјади луѓе оваа година нема да ги има. Како алтернатива за потполното откажување, разгледуваме опции со кои фестивалите симболично би се одржале со неколку стотини, или ако здраствената ситуацијата дозволи, неколку илјади луѓе, колку е дозволено во текот на летото ширум низ Европа, изјавиле организациите на српските манифестации, пренесуваат српските медиуми.