Мегафон
денот кога замолкна музиката,

ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија

ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија. Точно една година од денот кога замолкна музиката, замолкнаа настаните, замолкна забавата! Вирусот Ковид-19 стана најголемиот непријател на индустријата за организација на настани. Страдаат многу дејности и сектори, целата креативна индустрија што делува во функција на ивент индустријата е оставена на преживување.

„Бевме првите што не забранија, а кога ќе ни доволат да работиме никој не може да потврди. Цела година трпеливо и одговорно делуваме, ние не сме причина за зголемување или ширење на заразата. Но, за жал останавме невидливи за државата. Немаме партнер, ниту поддршка и покрај тоа што со години редовно придонесуваме за полнење на буџетот. Побаравме помош – добивме нејасен модел со недефинирани рокови и услови. Сите други дејности беа помогнати, а нас не оставија на крај со услови кои и самите веројатно не можат да ги објаснат. Пандемијата не стави на апарати а нашата држава ни ги исклучи апаратите. Затоа, во понеделник, на 1 март ќе и оддадеме помен на забавната индустрија. Ги повикуваме сите оние кои се дел од оваа индустрија и кои ја разбираат нашата мака, да ни се придружат, се разбира со строго почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Задолжително е носење на маски“ – велат од ИВАП.

Останати вести од Мегафон