Мегафон
Вечер на гламур, награди и добра забава

Инстаграм ѕвездите блеснаа на првите македонски „U&Z Influencer Awards“ (ФОТО)

Инстаграм ѕвездите блеснаа на првите македонски „U&Z Influencer Awards“  (ФОТО)

Првата недела од декември започна гламурозно за инфлуенсерите пријавени на U&Z Influencer Awards – настан што првпат се одржа во Македонија во организација на Колор Медиа Плус, издавачите на најстариот женски магазин кај нас „Убавина и здравје“, и кој претставуваше можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција на нив.

Прекрасно украсената сала на Ragusa Rooftop 360 многу брзо се наполни со убави луѓе, дотерани во chic&glam стил.

Марко Новески, на спонтан и забавен начин, ги водеше гостите низ целиот настан – финалето во кое се одбраа победниците од сите пријавени учесници кои изминативе три месеца објавуваа фотографии со производи на генералниот покровител на U&Z Influencer Awards, како со производите од поддржувачот на категоријата во која се пријавиле.

Исклучително тешката задача да се одберат најоригиналните и најкреативните им припадна на стручното жири и покровителите.

Членови на стручното жири беа тв-водителката и лидерка на Инстаграм Лила Филиповска, извршниот директор и основач на „Пи Ворлд“ Коста Петров, победникот на регионалното реално шоу „Големиот брат“ Дарко Спејко, основачот и извршниот директор на првиот македонски портал за маркетинг Борис Ефтимовски, маркетинг-директор на „Пиксел“ Владимир Ристевски, Тијана Вук од „Дајрект Медиа“, Стефан Дојчиновски од „Медиа Хаус“ и Мартин Ѓорѓиески од „Медиа План“.

За конечниот избор на победници пресудни беа креативноста, оригиналноста, квалитетот на фотографиите и описите, композицијата и техничките карактеристики. При оценување беа земени предвид само постовите што се објавувани со цел учество во изборот, а не целокупниот профил на учесниците и другите постови.

На настанот Јована Стојменовиќ, уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, ја најави и новата платформа www.influenceragency.mk на која се добредојдени сите инфлуенсери, со цел да бидат повидливи за клиентите, а клиентите да имаат реален и голем избор на микро и макро инфлуенсери. Платформата во полна функција ќе биде пуштена во март.

Откако победниците беа прогласени, а статуетките доделени, шоуто можеше да продолжи со енергичните Brass Brothers кои приредија забава за паметење. Гостите, меѓу кои имаше многу наши познати личности и претставници на медиуми, танцуваа, уживаа во вкусната закуска и пијалаци, се фотографираа и ширеа позитивни вибрации, сè до полноќ.

Несомнено е дека ова ќе биде вечер за која долго ќе се зборува, а во продолжение погледнете кои беа победниците во секоја од категориите:

Health Influencer – Весна Коцевска @whisper.ves

Food Influencer – Теодора Георгиевска @gotvime.so.tea

Lifestyle Influencer KFC – Стојан Симјаноски @simjanoski.s

Lifestyle Influencer Miniso – Елена Горгиевска @elena_gorgievska_fitlife

Fashion Influencer – Никица Ацева @nikicaaceva

Посебно истакнати во оваа категорија беа и Анастасија Димеска @dimeska.a и Габриела Илиоска @gabrielailioska

Happiness – Христина Манчева @_manche

Beauty Influencer – Ана Франгова @im.reinana

Посебно истакната во оваа категорија е Ангела Василевска @angela.vasilevska.5

Instaman – Филип Макрадули @filip.makraduli

Посебно истакнат во оваа категорија беше и Нинослав Антовски @iamninoslav

Travel Influencer: Бојан Гиевски @gievskibjn

Посебни признанија добија нашите Rising Stars, кои беа многу блиску до главната награда Influencer Star и посебно се издвоија од останатите: Нинослав Антовски (@iamninoslav), Ангела Василевска (@angela.vasilevska.5), Анастасија Димеска (@dimeska.a), Валерија Преспаноска (@valerijaprespanoska), Даниел Трбогазов (@mojtrener.mk).

Главната награда Influencer Star и’ припадна на Стефанија Кржеска (@krzheska), поради креативниот начин на кој ги претстави производите на генералниот спонзор.

Свои признанија во главната категорија за својата креативност добија и Анастасија Димеска (@dimeska.a) и Розалиа Митрев (@rozzalia_mitrev).

Наградените учесници добија вредни подароци од поддржувачите на нивните категории, склучување годишни договори, патувања, модни креации и други изненадувања.