Мегафон
ексклузивно

Химна на обновата: Протече во јавност изборната песна на ВМРО-ДПМНЕ – „Македонијо, исправи се!“ (АУДИО)

Химна на обновата: Протече во јавност изборната песна на ВМРО-ДПМНЕ – „Македонијо, исправи се!“  (АУДИО)

„Ни на сон немав мисла дека ова ќе се случува…“ – вели наоѓачот на USB –  стикот кој во тек на денов го донесе во редакцијата на Вистина.ком.мк!

„Движејќи се забрзано низ центарот на Скопје, наеднаш нешто шутнав со ногата. Некаков блескав црвеникав мал предмет, па кога се наведнав да видам што е тоа, видов дека на влажните коцки лежи паднат УСБ – стик, на кој беше залепена мала налепница со македонското знаме“ – раскажува нашиот соговорник кој беше наоѓач на она што за нас значеше ексклузива.

Имено, кога го земал и го отворил дома во компјутерот, видел дека во стикот има снимено само една, единствена песна. Песна која за него била непозната, неслушната до сега, со стихови со патриотска содржина… Песна испеана на Македонски јазик во која се слушаат гласовите на повеќе пејачи.

Чесниот наоѓач неупатен ниту во музика, ниту во политика, ќе се обрати до еден негов пријател – новинар во нашата редакција, па откако го добивме УСБ – стикот, брзо востановивме дека се работи за еден вид на химна, испеана од пејачки „бенд ејд“. Содржината токму таква, полна со патриотски набој и стихови посветени на нашата татковина – Македонија.

Не требаше многу време за истражување да дојдеме и до сопствениците и до суштината на содржината. ВО УСБ – стикот се наоѓаше изборната песна за претстојните парламентарни избори на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција за обнова на Македонија, музичка тема со која ќе се одвива нивната предизборна кампања на која ќе ја промовираат програмата на ВМРО-ДПМНЕ насловена како Проект – Обнова .

Информациите ги потврдија и од самата ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека во брзање, бегајќи од дождот, стикот денес бил изгубен. Песната носи наслов: „Македонијо, исправи се!“, а ја изведуваат група изведувачи, еминентни македонски поп, рок, ар ен би и фолк ѕвезди: Миле Кузмановски, Наум Петрески, Андријана Јаневска, Панчо и Андреј – ДНК и Нина Јанева… Или сите заедно, за оваа прилика наречени „The Renewals – team“!

Песната можеби и не била планирана да излезе во јавноста денес, но новинарската љубопитност, а веројатно и љубопитноста на народот е поголема отколку трпението, па нашиот портал Вистина.ком.мк  ексклузивно и премиерно Ви ја претставува „Македонијо, исправи се!“… Химна на обновата!

 

The Renewals – „Македонијо, исправи се!“

Еј, со векови, земјава раѓа херои
Еј, Македонци се борат за својте правдини

Ни на сон немав мисла дека
ова ќе се случува

Ни на сон тебе не те давам
гласот мој одлучува

И КОГА ТЕШКО Е СО ТЕБЕ СМЕ
НЕМА ПРЕДАВАЊЕ СЕ БОРИМЕ

НИКОГАШ ПОГЛАСНО НЕ ПЕАМ
ЕЈ ДОСТА Е
МАКЕДОНИЈО, ТИ ИСПРАВИ СЕ!

И КОГА ТЕШКО Е СО ТЕБЕ СМЕ
НЕМА ПРЕДАВАЊЕ СЕ БОРИМЕ

ВРЕМЕ Е ЗЕМЈАВА ДА СИ ЈА ОБНОВИМЕ
МАКЕДОНИЈО, ТИ ИСПРАВИ СЕ!

Станете Македонци, доста се лаги, неправди
после сите измами, земјава да се обнови

Ни на сон Македонијо мила
јас не те заборавам
Обновата е твојата сила
сите нека дознаат

И КОГА ТЕШКО Е СО ТЕБЕ СМЕ
НЕМА ПРЕДАВАЊЕ СЕ БОРИМЕ

НИКОГАШ ПОГЛАСНО НЕ ПЕАМ
ЕЈ ДОСТА Е
МАКЕДОНИЈО, ТИ ИСПРАВИ СЕ!

И КОГА ТЕШКО Е СО ТЕБЕ СМЕ
НЕМА ПРЕДАВАЊЕ СЕ БОРИМЕ

ВРЕМЕ Е ЗЕМЈАВА ДА СИ ЈА ОБНОВИМЕ
МАКЕДОНИЈО, ТИ ИСПРАВИ СЕ!