Мегафон
проект

Гуру Харе и Аки Рахимовски – заедничка соработка во „Мајко“

Гуру Харе и Аки Рахимовски – заедничка соработка во „Мајко“

македонскиот гитар блуз мајстор Игор Атанасовски – Гуру Харе сними заедничка песна со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски – вокалистот на култните „Парни Ваљак“.

„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐуште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму така. Многу пријатно се изненадив а Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“- вели Гуру Харе, автор на музиката и на текстот на песната а Диран Тавитјан ја продуцираше.
Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.

Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.