Мегафон

Гордана Сиљановска Давкова е првиот политичар во Македонија со профил на Тик Ток (ВИДЕО)

Гордана Сиљановска Давкова е првиот политичар во Македонија со профил на Тик Ток (ВИДЕО)

Апликацијата, која во прв план го поставува креирањето видео содржини, преку ноќ ја освои  младата генерацијата. Токму младите се најзаслужни  за успехот на моментално најбараната апликација во светот наречена „ТикТок“. Тоа е бесплатна мобилна апликација која се заснова на интерактивно споделување видео содржина и прилагодена е на нивниот начин на комуникација, што го зајакнува чувството на припадност и вклученост во глобалната заедница, што ја објаснува екстремната популарност на апликацијата.

Особено актуелна кај нас Тик Ток апликацијата стана за време на изолацијата, карантинот и деновите со полициски час за време на корона пандемијата во целиот свет и кај нас, кога беше една од главните забави на младите во животот помеѓу 4 ѕида.

Но, апликацијатасо тек на времето станува се’ попопуларна и кај возрасните и тоа од сите сфери. Неа почнаа да ја користат  различни профили или интелектуални категории на граѓани. Почнаа да ја ползуваат уметниците, спортистите, јавните личности, бизнисмените, па и научната фела и верувале или не, дури и политичарите. Или поточно една од ретките жени која припаѓа на неколку категории од набројаните.

Имено, универзитетскиот професор, претседателски кандидат и сега носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 на претстојните парламентарни избори во Македонија, Гордана Сиљановска Давкова не само што е првата жена политичар, туку е и првиот политичар воопшто во Македонија која има свој Тик Ток профил. Популарната Гога, отсекогаш блиска до своите студенти и до младите воопшто, имаше сенс точно да го почувствува духот на новото време, па е првата од политичката фела која умешнио ја користи технологијата. И тоа не само во служба на политиката и професијата, туку воопшто, остварувајќи еден поинаков, виртуелено-социјален контакт со своите пријатели, студенти, гласачите, народот… во неможност тоа непосредно да го направи заради опасностите од корона епидемијата.

И додека Тик Ток апликацијата некои ја користат исклучиво за забава, професорката Сиљановска Давкова, истата ја користи и за едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори. Младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… се особено важни и во фокусот на програмата проектот  Обнова, па професорката токму Тик Ток го искористи да дискутира на една од овие теми врзани за младината во Македонија.

@gogatiktoksГордана Сиљановска Давкова говори за важноста на сексуалното образование кај младите! ✊🔥##macedonia ##skopje ##politics ##romamce ##rocknroll♬ original sound – gogatiktoks

Останати вести од Мегафон