Мегафон

Горан Папаз ќе му свири на папата

Горан Папаз ќе му свири на папата

Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата Франциск за време на неговата посета на Скопје на 7 мај.

На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции.

„Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд“ – вели музичарот.