Мегафон

Голема божиќна манифестација на 6 јануари

Голема божиќна манифестација на 6 јануари

Божиќни песни, претстава, пакетчиња, колачиња и чајчиња ќе бидат дел од големата божиќна манифестација што ќе се одржи на 6 јануари (недела) во 11.00 часот на платото пред Св. Димитриј во Скопје, во организација на „Бадникови поворки“.

На манифестацијата ќе настапат и пејачите Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, „Некст тајм“, Димитар Андоновски, Вера Љубојна и дечињата од „Златно славејче“, актерите Дејан Лилиќ и Снежана Конеска – Руси, како и филмското училиште „Тинтири-минтири“.

За годинашната прослава на Христовото раѓање, гореспоменатите пејачи ја снимија песната „Небо и земја“ чија премиера се очекува деновиве.