Мегафон

Годишна изложба на ДЛУМ во „Мала Станица“ на која учестуваат 57 автори

Годишна изложба на ДЛУМ во „Мала Станица“ на која учестуваат 57 автори

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) ќе се отвори вечерва, 20 октомври 2020 година, во 19 часот во објектот „Мала Станица“. На отворањето ќе може да присуствуваат ограничен број посетители, а изложбата ќе биде поставена и ќе може да се види до 30 октомври.

На изложбата учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Наградата за сликарство ја доби Мирослава Микица Трујкановиќ за делото „Молитвеник за сите“, наградата за скулптура – Слободан Милошески за „Запознавајќи се себеси“, а наградата за нови медиуми ѝ припадна на Ана Ивановска за делото „Без здив“.

Годишната изложба на ДЛУМ се одржува од 1945 година.