Мегафон
гастрономија

„ГастроМак“ фестивал во Охрид

„ГастроМак“ фестивал во Охрид

Еден од најпознатите и највлијателни гастрономски фестивали во Република Македонијаи на Балканот е познатиот фестивал “ГастроМак”. Годинешното  четврто по ред издание за разлика од минатата година кога истото се случуваше во Струмица, годинава ќе се случува во еден од најубавите македонски градови, македонскиот езерски бисер Охрид.

Како што  известуваат организаторите, во рамките на фестивалот на 12-ти октомври ќе се организира голем рибен фестивал на отворено т.н. популарен “фиш фестивал” на Chef Дон Давид.

Уште од 11 часот, кајчињата со уловените риби ќе бидат укотвени пред хотелот “Нова Ривиера”, од каде судиската гастрономска елита, во состав: Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе “препелкаат” на скара.

Изненадувањата се подразбирааат, но како што велат организаторите, ветуваат оргинална и незаборавна забава под ведро небо во преубавиот Охрид. А потоа, откако судиите ќе си ја завршат својата работа, најтазе подготвената риба од скарата ќе се „ пресели” на дегустаторските чиниии, бидејќи дегустацијата е задолжителна.

Затоа не го пропуштајте ТАМАРО и BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID на 12-ти октомври пред хотелот “Нова Ривиера”, во рамки на четвртото издание на “ГастроМак”.