Мегафон
иницијатива

Формирано Здружение на приватни локални радио станици, за претседател избран Васко Чукарков од „Галакси радио“- Кавадарци

Формирано Здружение на приватни локални радио станици, за претседател избран Васко Чукарков од „Галакси радио“- Кавадарци

Локалните приватни радио станици формираа свое здружение, на основачкото Собрание кое се одржа во Велес. За претседател едногласно беше избран Васко Чукарков од Галакси Радио од Кавадарци. Беше избран и Управен и Надзорен одбор. На овој начин 50-те локални радио станици сакаат нивниот глас да се слушне наспорти здруженијата на приватните телевизии со национална концесија и приватните регионални и локални телевизии.

Со текот на годините се појави потреба локалните радија, кои имаат свои интереси наспроти локалните и регионални телевизии, да имаме свое Здружение. Се решивме на овој начин, преку ова Здружение да ги решаваме нашите проблеми, да може да се слушне и нашиот глас а во интерес на слушателите – рече Чукаров.

Во Македонија имал 48 локални приватни радио станици и две непрофитни, со околу 200 вработени.

Извор: Ти реков ми рече