Мегафон

Филмска адаптација на „Дора истражува“ по познатата детска ТВ серија

Филмска адаптација на „Дора истражува“ по познатата детска ТВ серија

По познатата анимирана серија за деца „Дора истражува“ која најмалите ја гледаа на ТВ-екраните, сега на големото платно тие ќе можат да уживаат и во истоимената филмска адаптација „Дора истражува – Изгубениот град“ во режија на Џејмс Бобин.

Во оваа семејна авантура, Дора, која е навикната на предизвици, ги предводи Бутс (нејзиниот најдобар другар, мајмунот), Диего, мистериозен жител на џунглата и група тинејџери во живописна авантура за да ги спасат нејзините родители и да ја решат неверојатната мистерија за изгубениот златен град. И покрај поголемиот дел од својот живот поминат во истражување на џунгли заедно со своите родители, сепак, ништо не може да ја подготви Дора за нејзината најопасна авантура: средното училиште…

Во филмот улогите ги толкуваат Изабела Моне, Јуџин Дербез, Мајкл Пења, Ева Лонгорија, Дени Трејо, Бенисо дел Торо.

извор:вечер.пресс