Мегафон

Фестивал на европска литература „BookStar 2019“

Фестивал на европска литература „BookStar 2019“

Денес, 7 октомври 2019 започнува фестивалот на европска литература „Букстар 2019“. Фестивалот ќе содржи богата програма со различни фестивалски, акко вонфестивалски активности и ќе трае до 10 октомври кога ќе биде затворен со доделување на наградата „Букстар“.

Ова е распоредот на програмата и содржините на „Букстар 2019“:

7 октомври – 15:00 – BookStar фестивалски центар – Горно фоаје на Кино Фросина
Отворање на Саемот на европска литература

7 октомври – 18:00 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Запознавање на гостите
Средба на гостите со претставници на Друштвото на писатели на Македонија и на други културни оператори

7 октомври – 19:00 – Кино Фросина
Отворање на фестивалот „BookStar“
Поздравна реч: Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Република С. Македонија
Претставување на книгата „Двојно стакло“
Разговор со авторката Халдора Тородсен (Исланд)
Промотор: Ана Мартиноска
Модератор: Ана Василева

7 октомври – 20:30 – Кино Фросина
Претставување на книгата „Воспитувањето девојки во Чешка“
Разговор со авторот Михал Вивег (Чешка)
Промотор: Јасна Котеска
Модератор: Ана Василева

7 октомври – 21:30 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Забава со музика по избор на Халдора Тородсен (Исланд)

8 октомври – 15:00 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Работилница со Марко Шелиќ Марчело

8 октомври – 17:00 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Книжевна дискусија: Да се биде европски романописец денес
Учесници: Кадер Абдолах (Холандија), Михал Вивег (Чешка), Луан Старова (Македонија), Оливера Ќорвезироска (Македонија)
Модератор: Соња Стојменска-Елзесер

8 октомври – 17:00 – Кино Фросина
Гол ручек in live: Поткаст со Душко Крстевски и Халдора Тородсен

8 октомври – 18:00 – Кино Фросина
Гол ручек in live: Поткаст со Душко Крстевски и Марко Шелиќ Марчело

8 октомври – 19:00 – Кино Фросина
Претставување на книгите „Бележникот на татко ми“ и „Куќата на џамијата“
Разговор со авторот Кадер Абдолах (Холандија)
Промотор: Мерсиха Исмајлоска
Модератор: Ана Јовковска

8 октомври – 20:30 – Кино Фросина
Претставување на книгите „Лавр“, „Соловјов и Ларионов“ и „Авијатичарот“ – BookStar 2019
Разговор со авторот Евгениј Водолазкин (Русија)
Промотор: Венко Андоновски
Модератор: Ана Јовковска

8 октомври – 21:30 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Забава со музика по избор на Слободан Шнајдер (Хрватска)

9 октомври – 17:00 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Книжевен афтерворк: Во сенката на читателот
Учесници: Халдора Тородсен (Исланд), Калина Малеска (Македонија), Фросина Пармаковска (Македонија)
Модератор: Весна Мојсова-Чепишевска

9 октомври – 17:00 – Кино Фросина
Гол ручек in live: Поткаст со Душко Крстевски и Венко Андоновски

9 октомври – 18:00 – Кино Фросина
Гол ручек in live: Поткаст со Душко Крстевски и Евгениј Водолазкин

9 октомври – 18:00 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Клуб на читатели – средба со Кадер Абдолах (Холандија)

9 октомври – 19:00 – Кино Фросина
Претставување на книгата „Исцелување на светот“
Разговор со авторот Слободан Шнајдер (Хрватска)
Поздравна реч: Владимир Милчин
Промотор: Ана Стојаноска

9 октомври – 20:30 – Кино Фросина
Претставување на книгата „Малтерего“ и разговор со авторот Марко Шелиќ Марчело (Србија)
Промотори: Иван Шопов и Ѓоко Здравески

9 октомври – 21:30 – BookStar фестивалски центар, МКЦ
Забава со музика по избор на гостите

10 октомври – 10:00 – Сала за седници, Факултет „Блаже Конески“
Завршна церемонија
Универзитетско предавање – Евгениј Водолазкин (Русија)
Доделување на наградата „Букстар“

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, програмата Креативна Европа на Европската Унија, мрежата „Традуки“, Институтот за преводи на Русија, Холандскиот литературен фонд, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Република Чешка, Исландскиот книжевен центар, Младинскиот културен центар и Друштвото на писатели на Македонија.