Мегафон

Евровизија 2021 ќе се одржи со ограничен број гледачи во арената

Евровизија 2021 ќе се одржи со ограничен број гледачи во арената

Холандската влада даде дозвола овогодишеното музичко натпреварување Евросонг да се одржи со присуство на 3.500 гледачи.

Годинешната Евровизија ќе се одржи во Ротердам откако беше откажана минатата година поради пандемијата со коронавирус.

Половина од арената каде ќе се одржува музичкото натпреварување ќе може да биде пополнето, а оние кои ќе присуствуваат на влез мора да покажат негативен ПЦР тест.

Организаторите на Евросонг ја поздравија оваа одлука и наведоа дека во следните недели ќе објавата повеќе детали за оваа тема. Додаваат дека здравјето и сигурноста на натпреварувачите остануваат приоритет, а тие и нивните делегации ќе мора да почитуваат строг протокол.

Евровизија ќе се одржи на 18, 20 и 22 мај и ќе учествуваат 39 земји.

извор: Курир.мк

Останати вести од Мегафон