Мегафон
да се одложи или одржи?

Еве што ќе биде со Евровизија: Се огласија организаторите, можни се две сценарија (ФОТО)

Еве што ќе биде со Евровизија:  Се огласија организаторите, можни се две сценарија (ФОТО)

Годинешната Евровизија е под знак на прашање, поради пандемијата на коронавирусот. По неодамнешните гласини дека ќе биде целосно откажана, организаторите се огласија со своја објава на официјалниот профил на Твитер.

Во неа се вели дека сè уште не е донесена конечна одлука дали ќе се одржи Евровизија и како би можело тоа да се направи, изјавија организаторите.

„Знаеме дека со нетрпение чекате вест за иднината на годинашниот натпревар за песна на Евровизија 2020. Со постојаното менување на ситуацијата со коронавирусот и големиот број на луѓе кои треба да бидат консултирани, мора да се земе предвид секој важен елемент. Ве молиме, останете со нас. Се надеваме дека ќе имаме повеќе информации што е можно поскоро“ – се вели во соопштението на челниците.

Евросонг 2020 треба да се одржи во Ротердам на 12, 14 и 16 мај, со македонски претставник годинава е пејачот Васил Гарванлиев, со песната „ You“.


Неодамна  беа разгледани опциите и капацитети во случај на зголемување на бројот на пациенти заразени со коронавирус, по што се наведени две сценарија.
Првиот предлог, тогаш, беше да се одржи целиот натпревар без публика во Конгресниот центар во Ротердам Ахој, во чиј склоп е арената со капацитет од околу 16.000 места. Во тој случај, 42 делегации би се појавиле таму, но без публиката и навивачите.


Споменатото второ сценарио е дека секој претставник би ги изведувал своите песни и перформанси од својата земја и истите ќе се емитуваат преку пренос во живо во другите земји.

Во меѓувреме, ЕБУ и организаторите во Холандија будно ја следат состојбата, пред да ја донесат конечната одлука!