Мегафон
фестивали

“Есенски музички свечености”: “Музика за 30 прсти” – концерт на Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска – пијано

“Есенски музички свечености”: “Музика за 30 прсти” – концерт на Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска – пијано

Музичкиот фестивал “Есенски музички свечености” кој што и оваа година традиционално го организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, за понеделник 16-ти ноември ви го најавува концертот на Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска – пијано.

На концертот кој е насловен “Музика за 30 прсти”, присутната публика ќе може да ужива во однапред подготвената програма:

С. Рахманинов – 2 пиеси за 6 раце
Ж. КРАС – Ames d’enfants:
– Pures
– Naives
– Mysterieuses
Т. БАЈНОВ – Metrorhythmia 1

К. Черни – Фантазија на тема aрии од опери на Доницети

М. Де Фаља – Шпански танци Никола Крстевски

Интересно е тоа што одредени теми ќе бидат изведини за прв пат во Македонија, а некои пак од нив ќе ја имаат и својата прва изведба, светска премиера. Како што велат од Дирекцијата за култура и уметност влезот за овој концерт е бесплатен, а истиот ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет.

И овој концерт, како и сите претходни досега, ќе биде организиран согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19, а тоа подразбира: носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; и задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.