Мегафон

Џајковски, „САФ“ и „Фанк шуи“ на „Скопје стрит фестивал 2018“

Џајковски, „САФ“ и „Фанк шуи“ на  „Скопје стрит фестивал 2018“

Виртуозот Кирил Џајковски со ем-си Дејвид Лајон, одличните „Фанк шуи“ и хип-хоп легендите „САФ“ се главните ѕвезди на 6. издание на „Скопје стрит фестивал“, кое ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Градскиот парк.

Освен нив, во рамките на двата фестивалски дена ќе настапат и диџеите Васо и Мачки (на 8 јуни) и Мартин Војдановски, Флудер и Маци (на 9 јуни).