Мегафон

Дуке Бојаџиев вечерва на сцената на „Долни Сарај“

Дуке Бојаџиев вечерва на сцената на „Долни Сарај“

На сцената „Долни Сарај“, во рамките на Охридско лето, утревечер (8 август), со почеток од 22 часот ќе настапи познатиот македонски музичар Дуке Бојаџиев.

На концертот, на Бојаџиев, на клавир и вокал, ќе му се придружат Исмаил Лумановски, на кларинет, Мартин Ѓаконовски, на контрабас, Костас Анастасиадис, на тапани и Наташа Петровиќ со вокал и нарација.

„Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ ‘Беркли’ во Бостон.

Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. Има работено со артисти како Синди Лопер и ‘Телепоп Мјузик’, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: ‘Карнеги Хол’ во Њујорк, ‘Авалон театар’ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид“, се вели во најавата за концертот.

извор:вечер.пресс