Мегафон
11 и 12 мај во Македонската филхармонија

Дуке Бојаџиев најави два концерта во Скопје

Дуке Бојаџиев најави два концерта во Скопје

По пауза од две години, македонскиот композитор со њујоршка адреса Дуке Бојаџиев повторно ќе настапи пред домашната публика, најавувајќи два едноподруго концерти на 11 и 12 мај во Македонската филхармонија.

 

Наречени „Сон-верба-љубов“, Бојаџиев на концертите ќе ги промовира материјалот од истоимениот нов албум, како и дел од неговото поново филмско творештво.

Бојаџиев (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Специјални гости ќе бидат Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ (вокал и нарација), Исмаил Лумановски на кларинет, Костас Анастасијадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас, како и жичениот квартет во состав: Владимир Крстев (виолина 1), Маја Ефремова-Шеќерова (виолина 2), Марко Виденовиќ (виола) и Марија Михајловска (виолончело).