Мегафон
фестивали

Драган Мијалковски со „Илина“ го освои фолк фест „Валандово 2019“

Драган Мијалковски со „Илина“ го освои фолк фест „Валандово 2019“

На натпреварувачка вечер на 34. издание на „Фолк фест Валандово“ , Драган Мијалковски ја освои првата награда со песната „Илина“ .

Песната е комплетно дело на авторот Љупчо Трајковски – Фис.

По 20 години музичка пауза Мијалковски настапи на валандовскиот фестивал. Еден од неговите најголеми хитови „Дојди ми, Лено, на перниче бело“ е отпеан токму на „Фолк фест Валандово“ во 1989 година.

Второто место го освои Ансамблот за македонска народна песна „Распеани валандовчани“, кој настапи со песната „Љубов преку граница“. Песната е дело на покојниот Леонид Манчев, еден од основачите на фестивалот, кому постхумно му беше додена награда за животно дело.