Мегафон
патриотски чин

Додека Заев го брише и од шахтите, Македонците среде Грција го развејаа знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш (ВИДЕО)

Додека Заев го брише и од шахтите, Македонците среде Грција го развејаа знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш (ВИДЕО)

Додека актулната власт во Македонија ја обезличува македонската нација стругајќи го шеснаесеткракото сонце од Кутлеш дури и од канализациските шахти среде Скопје, Македонците во Грција го покажаа својот патриотозам. На фестивалот насловен како “Керасиотика”  кој се одржувал три дена во селото Керасиа во Пела минатата недела, а бил организиран од Културната асоцијација “Аристотелис”, се веело македонскот знаме со сонцето од Кутлеш и се пееле македонски песни и играле македонски  ора.

Oд “Прототема” велат дека ова е еден од настаните со кој жителите од овие краишта сакаат да покажат дека се Македонци во Северна Грција, кои се угнетени од властите на оваа земја.

Погледнете во видеото подолу како се виело оро, пееле македонски песни и гордо веело аловото знаме со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш среде Грција, патриотски чин кој грчките медиуми го окарактеризирале како националистички.