Мегафон

ДНК и пријателите со концерт за почетокот на новата учебна година

ДНК и пријателите со концерт за почетокот на новата учебна година

После точно година и половина од последниот настап, нашето најпопуларно поп и ар-ен-би дуо ДНК закажа уште една средба со скопската публика, која ќе се случи вечер (31 август) со почеток во 1 часот после полноќ во летниот клуб „Икс-ел“ (XL Summer Club). Настанот е со два поводи – првиот промоција на последниот албум „The Best Of“ и синглот „Дијамант“, а вториот почетокот на новата учебна година.

Момците ќе настапат заедно со нивниот комплетен бенд составен од 9 члена (гитара, сајзер, сакс, тапани, бас и придружни вокали), а за загревањето на атмосферата ќе се погрижи диџеј Фити Флоу. Предвидени се и специјални гости, односно настанот со своите настапи ќе го збогатат и Дани Димитровска и Теодора Трајковска, како и уште две изненадувања од ДНК-предизвикот што беше актуелен по социјалните платформи.

Главен акцент ќе биде ставен на албумот „The Best Of“, кој беше промовиран кон крајот на мај, а ќе бидат изведени и некои од нивните најпопуларни хитови од претходните материјали, меѓу кои „Што сака нека биде“, „Срце“, „Уште еден ден“, „Ѕвер“, „Фрази љубовни“, „Пола човек“,„Невозможна Мисија“, „Најмила“, „Таа тоа го крие“, „Навлечен на тебе“, „Авион“, „Полна месечина“, „Она е од Шутка“, „Од утро до мрак“Првите 200 посетители ќе добијат подарок, односнопоследниот албум „The Best Of“.