Мегафон
промостејџ

ДЈ Марио Јефремовски – ново име во семејството на „Промостејџ“ 

ДЈ Марио Јефремовски – ново име во семејството на „Промостејџ“ 

Младиот диџеј Марио Јефремовски од неодамна е дел од семејството на „Промостејџ“. 

Марио кој веќе настапува во најпознатите дискотеки кај нас нас, наскоро почнува и со настапи надвор од границите, а датумите за истите ќе бидат објавени наскоро.

Инаку, Марио уште од мали нозе покажува љубов кон музиката, па се запишува на Државниот музички училишен центар „Илија Николовски – Луј“ каде што го изучува дувачкиот инструмент труба. Паралелно додека учи, од свои 15 години почнува да работи и како диџеј. Покрај редовните настапи во дискотеките во Скопје, Марио имаше свој сет на концертот на Раста, но и на концертите на Слаткаристика, 2Бона, Магла Бенд и многу други…

Во моментов е студент на Европскиот музички универзитет „Еиропа“ на отсек – музички изведувач на труба. Ова знаење го користи и на своите сетови и додека пушта музика, истовремено комбинира со труба и прави шоу.