Мегафон

Димитар Андоновски доби две награди за најдобра музика на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“

Димитар Андоновски доби две награди за најдобра музика на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“

Димитар Андоновски на македонската публика и е познат како пејач и автор, како соло-изведувач и во поново време како вокалист на „Тајфата“, но веќе неколку години сè поактивен е и како композитор на театарска музика. Дека успешно плови и во овие води, доказ е наградата за најдобра музика што ја доби на неодамна одржаното 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Имено, Андоновски се закити со ова признание за музиката што ја напиша за дури две претстави – „На отворено“ од театарот „Комедија“ и „Пиреј“ на Прилепскиот театар.

„Денес сум посебно среќен. Денес му благодарам на Бог и славам дупла среќа.Денес добив признание за мојата работа во театар и тоа за двата проекти на кој работев годинава.,,На отворено”во соработка со Театар Комедија и,, Пиреј“ во соработка со Прилепски театар. Истите се наградени за најдобра музика на престижниот фестивал за театар,, Војдан Чернодрински“. Чест ми беше да правам музика и да соработувам со луѓе од кои секојдневно собирам искуства, но и црпам инспирација..Сакам јавно да им се заблагодарам на режисерите Андреј Цветановски и Љупчо Ѓорѓиевски, за укажаната доверба и чест да ја компонирам музиката за претставите, но и на директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски и претпоставените на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп за укажаната доверба и чест да соработувам со нив.Ова е заеднички успех на сите нас, на сите соработници и силно посакувам и во иднина да бидеме вака плодни, полни со нова енергија, да создаваме театар и да чекориме кон заеднички успеси“!