Мегафон
еве ја таа земја...

Да се наежиш: Игор Џамбазов со моќна песна и изрецитира честитка на Република Македонија за 8-ми септември(ВИДЕО)

Да се наежиш: Игор Џамбазов со моќна песна и изрецитира честитка на Република Македонија за 8-ми септември(ВИДЕО)

Макеонскиот шоумен, актер и пејач Игор Џамбазов последните денови ги минува во Западна Македонија. На планина, крај, река, во природа, на чист воздух опкружен со убавините на својата мила татковина, Република Македонија.

Џамбаз покрај одморот и релаксацијата од под падините на Бистра не заборави на својата мајка Македонија да и го честита роденденот, 8-ми септември, денот на независноста и осамосојувањето. На неа и нејзините граѓани, на сите Македонци.

А, Џамбаз тоа го стори на најдобар можен начин. Онака, како што еден актер и водител знае, со изрецитирана песна. Силно, моќно, гордо, достоинствено…

Да се наежиш, морници телото та ди го полазет, срцето од градите да ти излезе биејќи од возбуда, очите ширум да ти се ококорат од патина, челото високо да ти се крене од гордост… кога ќе ги слушнеш изговорените стихови на песната од маестро Џамбазов:

„Стиснете ги тревките, неа ќе ја исцедите,

наслонете се врз каменот, името ќе и го чуете,

симнете се во рекине, дното со неа ќе ве почести, 

легнете да си починете, ноќта со неа ќе ве покрие…

Еве ја таа проста земја од грч… и од чекање,

што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски,

а никој – не ја знае“!

Погледнете го видеото со кое и редакцијата на Вистина.мк се придружува кон честитките: Да си вечна татковино, наша мајко… Да и е честит 8-ми септември на Република Македонија!