Мегафон

Conquering Lion со концертна промоција на новиот албум „Revolution Time“ во МКЦ

Conquering Lion со концертна промоција на новиот албум „Revolution Time“ во МКЦ
Бендот го издава својот 5-ти по ред студиски албум „Revolution Time“ na 30 март 2020 за британскиот издавач „Rehegoo Music Group“.
Online концертна промоција на „Revolution Time“ е закажана за 22 ноември.
Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово кој своето творештво го започнува на 7 април 2007. Во октомври 2009 бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како „I“ за PMG Recordings на кој може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната „Jah Love“. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот албум насловен „Know Your Wisdom“ излезе на 26 август 2011 по кој следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум „Revelation“ за издавачката куќа „Password Production“ од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска
турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman
Coyote… Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија…