Мегафон

Четврто издание на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“

Четврто издание на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“

Од 5 до 8 септември во МКЦ ќе се одржи четвртото издание на скопскиот книжевен фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА. Фестивалот е „скопски“ по местото во кое се одржува, но е регионален по својата природа; годинава, на пример, ќе учествуваат и дваесетина гости од регионот, како впрочем и изминатите години. Се разбира, ќе учествуваат и дваесетина македонски писател(к)и.
НА МАРГИНИТЕ е насловот на главната тема на фестивалот. Една од причините за ваквиот наслов е што годинава ја одбележуваме 25-годишнината на списанието за култура, МАРГИНА. Кон јубилејот на „Маргина“ се придружува и друг, за нас не помалку важен јубилеј – 10 години од порталот ОКНО. „Окно“ всушност и настана, на почетокот на 2009 година, како своевидно продолжение (или проширување) на „Маргина“.
Добитник на главната награда на четвртата „Друга приказна“ е Ненад Величковиќ, писател од Сараево, од Босна и Херцеговина. Величковиќ има комплексен и разгранат книжевен опус (неколку негови книги се преведени и на македонски), но има и големо искуство во некои алтернативни образовни книжевни практики кои често се занимаваат и со тоа која книжевност треба да биде „канонска“ („национална“, школска), а која да биде „на маргините“.
Се разбира, фестивалската тема реферира и пошироко од книжевноста. Четиридневниот фестивал сакаме да го искористиме и за да разговараме за маргините како физичка или ментална ситуираност или светоглед. За маргините како политички, географски, стратешки, општествен, културен, егзистенцијален, поетички или книжевен феномен. За маргините како трајно засолниште или привремена затеченост (т.е. заточеност, заробеност). За маргините како слобода и како јазичка игра („отстранение“). Итн.
Квалитетот на учесниците на фестивалот гарантира квалитетни согледби, споредби, предизвици, продлабочувања… Ќе се обидеме темата да ја расчепкаме и теориски и книжевно, бидејќи меѓу учесниците на фестивалот имаме и теоретичар(к)и и критичар(к)и и писател(к)и.
„Друга приказна“, меѓу другото, сака да биде и забавен и провокативен фестивал, на кој значајно место имаат и други креативни луѓе, не само оние од светот на книжевноста. Та затоа и оваа година ќе имаме и неколку концерти и изложби.

Програма на Друга приказна:
ЧЕТВРТОК
18.30. Разговор
25 години Маргина, 10 години Окно; списанија и портали
Учествуваат: Станислава Бараќ, Дејан Илиќ, Анaстас Вангели, Никола Гелевски, Сеад Џигал…

20.00. Изложба: корици на списанието Маргина
Промотор: Владимир Јанчевски

21.00. Свечена вечер
Ненад Величковиќ – добитник на главната награда „Друга приказна“
Водител: Ѓоко Здравески

22.30. Концерт
Волтер Мани Ал Хаким (бенд од Скопје)

ПЕТОК
18.00. Разговори и читања (1)
„Очите на другите“
Душко Крстевски (водител) и Иван Димитров

18.30. Разговори и читања (2)
Разговор за детската книжевност
Билјана Црвенковска (водителка) и Дејан Алексиќ

19.00. Разговори и читања (3)
„Во мојот двор“
Никола Гелевски (водител), Сузана Тратник и Андреј Блатник

19.30. Разговори и читања (4)
„Овде нешто се случило“
Фросина Крушкаровска (водителка), Луиза Бухарова, Ана Марија Грбиќ и Енес Куртовиќ

21.00. Натпревар со „едноминутни новели“
„ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ“
Водители Ѓоко Здравески и Драган Протиќ
Учествуваат: Ненад Величковиќ, Лана Басташиќ, Андреј Блатник, Сузана Тратник, Ѕвездан Георгиевски, Луиза Бухарова, Владимир Лукаш, Ана Марија Грбиќ, Дејан Алексиќ, Ненад Јолдески, Билјана Црвенковска, Живко Грозданоски, Тристан Халилај, Нора Ислами, Иван Димитров, Саша Станишиќ, Гето Руди, Горазд Кени Китановски, Алек Букарски, Тихомир Диковски, Линдита Кадриу…

САБОТА
18.30. Разговори и читања (5)
„Перформанс и книжевност“
Нора Ислами, Тристан Халилај и Драган Протиќ (водител)

19.00. Разговори и читања (6)
„Друга проза“
Лана Басташиќ, Румена Бужаровска и Саша Ќириќ (водител)

20.00 Кратки филмови
Стефан Сидовски – Сидо (1946-2019)

21.00. Разговор
„На маргините“
Андреј Јованчевски (водител), Станислава Бараќ, Лана Басташиќ, Мариглен Демири, Искра Гешоска, Андреј Блатник…

22.30 Концерт
Ах Ахилеј (бенд од Белград)

НЕДЕЛА
19.00. Разговор
„Соседи – соочување со сегашноста“
Владимир Јанковски (водител), Искра Гешоска, Ана Недељковиќ, Румена Бужаровска и Денеш Крушовски

20.00. Промоција
ЛЕТААТ ПРИКАЗНИ
Мала антологија на современата македонска микрофикција
Промотор: Владимир Мартиновски

20.30. Промоција
10 години Окно
Брошура за Окно – Свирачиња и Кома
Промотор: Владимир Јанчевски

21.00. Филм и разговор
„Окупираното кино“
Разговор со авторката Сенка Домановиќ

23.00. Журка
Музика избира: Ненад Тонкин

Странски учесници на Друга приказна #4:
БиХ: Ненад Величковиќ,
Енес Куртовиќ, Лана Басташиќ;
СРБИЈА: Дејан Алексиќ, Ана Марија Грбиќ, Станислава Бараќ, Саша Ќириќ, Драган Протиќ, Ана Недељковиќ, Сенка Домановиќ, Дејан Илиќ и „Ах Ахилеј“ (бенд од Белград);
ХРВАТСКА: Луиза Бухарова;
БУГАРИЈА: Иван Димитров;
КОСОВО: Нора Ислами и Тристан Халилај;
УНГАРИЈА: Денеш Крушовски;
СЛОВЕНИЈА: Сузана Тратник и Андреј Блатник.
Македонски учесници:
Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Андреј Јованчевски, Ѓоко Здравески, Искра Гешоска, Тијана Спасовска, Румена Бужаровска, Ненад Тонкин, Мариглен Демири, Билјана Црвенковска, Душко Крстевски, Владимир Мартиновски, Сеад Џигал, Анастас Вангели, Владимир Јанчевски, Ненад Јолдески, Владимир Лукаш, Ѕвездан Георгиевски, Саша Станишиќ, Горазд Кени Китановски, Гето Руди, Оливера Ќорвезироска, Магдалена Хорват, Синоличка Трпкова, Алек Букарски, Тихомир Диковски, Линдита Кадриу, студио за графички дизајн Кома, Свирачиња, Волтер Мани Ал Хаким (бенд од Скопје)…