Мегафон

Четкар со концертна промоција на новиот албум во Охрид

Четкар со концертна промоција на новиот албум во Охрид

Со традиционален концерт на зајдисонце и по повод јубилејот 5 години на „Вино и џез“, Владимир Четкар на 13 јули на плажата и ресторан „Бонанца“ во Охрид концертно ќе го промовира својот нов албум „Going Home“. Новиот материјал досега беше претставен и во рамките на американската турнеја, која опфати концертни настапи во култни клубови во Њујорк, Чикаго, Детроит и во Кливленд.

Четкар неодамна снимаше и ново видео во Охрид и во Њујорк, а крајниот резултат ќе го видиме при крајот на месецов. Концертната промоција во Охрид е со почеток од 19.00 часот, а влезниците чинат 400 и 600 денари. Повеќе информации и резервации на настанот на Фејсбук.

Албумот „Going Home“ е веќе во продажба и кај нас, па во Скопје можете да го набавите во „ЧувДеЧув“, а во Охрид во музичката продавница „Зизи Топ“.