Мегафон
винска забава

“Bring Your Own Bottle” винска забава на 10-ти мај

“Bring Your Own Bottle” винска забава на 10-ти мај

Мајската “Bring Your Own Bottle” винска забава ќе се одржи на 10-ти мај (петок) од 20 часот на терасата во “Pastel – Wine & Dine”.

Форматот на забавата е на принципот “Bring Your Own Bottle”. Секој од гостите споделува флаша вино. Сите вина се отвараат и дегустираат за време на забавата.

Партиципацијата е 300 ден. по лице + шише вино. Во цената е вклучено храна и Corkage Fee (надомест за вински сервис).

Винската забава ќе биде зачинето со селекција на одбрани деликатеси (сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи…).

Забавата е од отворен тип, сите се добредојдени. Терасата од ресторанот ќе биде исполнета со високи маси (коњопои). Храната и вината ќе бидат изложени на посебна маса и секој од гостите ќе може сам да се послужи.

Понесете шише вино и дојдете на Wine Therapy.

Мотото на оваа забава е „Подобро винотека одошто аптека“.

Место: Pastel – Wine & Dine (бул. Св. Климент Охридски 66, Скопје)
Датум: Петок, 10-ти Мај, 2019
Време: 20:00 часот
Повеќе информации на: 070 223 887