Мегафон
спорт

Браво мајстори: Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, Македонија со победа стартуваше на ЕП во ракомет

Браво мајстори: Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, Македонија со победа стартуваше на ЕП во ракомет

Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) во Б групата.

Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, откако капитенот ја превзеде одговорноста и погоди за конечни 26-25 за Македонија, со што нашите ракометари ги освоија првите 2 бода во Б групата.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Сепак наш херој на натпреварот беше и голманот Митревски кој блескаше меѓу стативите. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци. Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.

Извор: Дриблинг.мк