Мегафон

„Бранч енд бас“ – пладневен концерт на унгарскиот мајстор на труба Роланд Сентпали во „Македонската филхармонија“

„Бранч енд бас“ – пладневен концерт на унгарскиот мајстор на труба Роланд Сентпали во „Македонската филхармонија“

Унгарскиот мајстор на туба Роланд Сентпали на 1-ви декември 2019 (недела), ќе настапи во  камерната сала на „Македонската филхармонија“. Ова е прв пладневен концерт во „Македонската филхармонија“ со поинаков концепт од стандарното концерно претставување. Концертот е насловен „Бранч енд брас“ и пред настапот на Сентпали кој почнува во 12 часот, публиката ќе има можност во опуштена атмосфера во фоајето на Филхармонија да ужива во мала закуска и кафе. Преку овој концерт институцијата се обидува да излезе од рамки на конвенционалниот концерт и на публиката да и’ понуди малку поинакво уживање во музиката – збогатено со храна и пијалок. Бранчот ќе почне еден час порано, во 11 часот.

Роланд Сентпали е еден од најзначајните тубисти на светската музичка сцена во моментов. Роден е во Унгарија, а еуфониум почнал да свири на 12 години. Продолжил да изучува туба под менторство на Сандор Лукаш. Студирал на академијата „Бела Барток“, а потоа и на академијата „Франц Лист“. Сентпали е и композитор и арнжер, а негови композиции се дел од репертоарот на речиси секој тубист. Моментално е прв тубист во Унгарската филхармонија, а постојано одржува мастер класови во европа, САД и Јапонија.

Со Сентапали заедно на сцена ќе настапат Младен Ѓорѓевиќ – труба (Србија), Драган Младеновски – труба, Јордан Колевски – труба, Горан Арменски – труба, Милан Роксандиќ – хорна (Србија), Благоја Василевски – хорна, Димче Белчовски – тромбон, Тибор Балинт-тромбон (Србија), Бранко Илиевски – тромбон, Никола Ристевски – тромбон, Александар Ниниќ – туба. Гостин на концертот е диригентката Дијана Имери-Илкоска.

На програмата се дела Чајковски, Габриели, Хендл и Стевенс.