Мегафон

Брајан Фери на 9 септември на концерт во Скопје

Брајан Фери на 9 септември на концерт во Скопје

Како што најавија од „Авалон продукција“, тој доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со својот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy…), како и песните од последниот негов албум Avonmore, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Брајан Фери e еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во салата на Македонската филхармонија.

Влезниците за овој ексклузивен музички настан во земјата ќе бидат пуштени во продажба од 20 април. Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници.