Мегафон
премиера

Божиќно шоу на фолк дивата Сузана Гавазова и нејзините гости

Божиќно шоу на фолк дивата Сузана Гавазова и нејзините гости

За еден од најголемите христијански празници Божиќ, гледачите на сателитската ИН ТВ ќе имаат можност да уживаат во одлично музичко шоу на нашата фолк дива Сузана Гавазова. Како што вели таа во интервју за ИН ТВ, на репертоарот има добро одбрана македонска музика, отсвирена и отпеана во живо. Во текот на целото шоу Сузана и нејзините специјални гости, Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски се придружувани од врвни македонски музичари предводени од маестро Златко Миладиноски.

„Снимањето помина одлично, кога се работи со професионалци, тоа оди многу лесно и брзо се одвива. Чест ми е и задоволство што работам со едни од најдобрите музичари во Македонија. Замислата ми беше да биде со оркестар, имам и специјални гости, Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски и за нив ќе кажам дека ми е чест што гостуваат во моето Божиќно шоу. Мислам дека гледачите ќе бидат задоволни и среќни што снимивме убави македонски песни, кавери и обработка на мои  песни со нов аранжман на водечкиот инструмент хармоника на Златко Миладиноски. Песните се во живо, имаме и неколку заеднички изведби, преубави македонски песни, ќе слушнат нашите гледачи и навистина мислам дека направивме добар избор“  – истакна Гавазова за гледачите на ИН ТВ.

Божиќното шоу на Сузана Гавазова и пријателите премиерно ќе се прикаже на австралиската ИН Телевизија, а дополнително ќе биде емитувано на уште 20 регионални телевизии низ Македонија.